Search

МЗТ Скопје и Пелистер победнички ја почнаа полуфиналната серија

Кошаркарите на МЗТ Скопје и Пелистер ја искористија предноста на домашниот терен и поведоа во полуфиналната пресметка што се игра во две добиени средби против ТФТ, односно Еуро Никел.

МЗТ Скошпје походот кон одбранат на титулата го почна неочекувано лесно. Го совлада градскиот ривал ТФТ со 77:52. Немања Милошевиќ беше најефикасен кај МЗТ Скопје со 13 поени, постигнати без ниту едно промашување од поле (3/3 за 2п, 1/1 за 3п) и со осум скока, Хуан Дејвис реализира 12 поени, додека браќата Дамјан и Војдан Стојановски средбата ја завршија со по 10 поени. Ландриус Хортон со 13 поени беше најпрецизен кај гостите.

Актуелниот првак, за кого ова беше десетта победа по ред, првата шанса за пласман во финалето ќе ја има в недела, кога му гостуваат на ТФТ (20.30 часот) во салата во СРЦ „Кале“, Евентуалната „мајсторка“ би се играла во вторник повторно во „Јане Сандански“.

Пелистер го доби дуелот со Еуро Никел 94:83.

Треба да знаете
Последни објави