Search

(Видео) Мајами и Феникс поведоа со по 2:0 во полуфиналната серија од НБА

Добрата партија на словенчкиот кошаркарски интеранционалец Лука Дончиќ зачинето со 35 поени не беше доволна неговиот тим Далас да го избегне вториот пораз од серијата кој прв до четири победи во конференциското полуфинале на Западот против Феникс (109:129) од кошаркарската НБА лига.

Предводник на Феникс беше Девин Букер кој мечот го заврши со 30 поени, а добар соработник имаше во искусниот Крис Пол кој се разигра кога беше најпотребно во вториот дел и постигна 20 кошеви за да го потврдат триуфот на Феникс. Наредниот меч ќе се игра за два дена во Далас.

И Мајами ја искористи предноста на домашниот терен против Филаделфија која настапи без првата ѕвезда Џоел Ембид и загуби со 119:103. Мајами поведе со 2:0 во полуфиналната НБА плеј-оф серија на Источната конференција.

Најефикасен кај „жешките“ беше Бам Адебајо со 23 поени, а кај Сиксерси доминираше Тајриз Макси со 34 поени. Третиот меч ќе се игра в сабота во Филаделфија.

Резултати: Мајами – Филаделфија 119:103 (2:0 во победи), Феникс – Далас 129:109 (2:0)

 

Треба да знаете
Последни објави