Search

Томиќ: Играм меч, а сум заразен од корона….

Австралискиот тенисер Бернард Томиќ, за време на натпреварот од квалификаците за Австралија Опен, се обрати до судијата и рече дека претпоставува дека е позитивен на ковид19.

Некогаш големиот талент, по воведниот пораз во 1. коло од квалификациите, од Роман Сафиулин (1:6, 4:6), истакна дека не се чувствува добро.

29 годишниот тенисер во вториот сет влезе во расправа со бразилскиот судија Алина Роха, на ко ја и рече дека има здравствени проблеми и дека се чувствува лошо, а ги критикуваше и мерките против коронавирус во Мелбурн.

„Сигурен сум дека за два дена ќе имам позитивен тест, ви велам. Ќе ти платам вечера доколку не бидам позитивен за 2-3 дена“, ги пренесува Ројтерс наводните зборови со кои Томиќ се обратил до судијата.

Сето тоа остава уште една дилема околу безбедносните мерки пред натпреварите на тенисерите, дали тестовите покажуваат вистинска слика на тоа дали тенисерите се негативни пред сите натпревари.

 

Треба да знаете
Последни објави