Search

Милан лесно до три бода во Венеција

Фудбалерите на Милан како гости со 0:3 ја совладаа Венеција во рамки на 21 коло од Серија А и за момент се искачија на лидерската позиција на табелата. „Росонерите“ имаат 48 бода, два повеќе од Интер кој пак има и два натпревари помалку.

По убедливата победа остварена над Рома во дербито, Пиоли денеска им даде шанса на сигурните стартери Златан Ибрахимовиќ и Рафаел Леао, фудбалери кои експресно го „начнаа“ противникот уште во втората минута.

Оваа комбинација беше најзаслужна за почетното водство на „росонерите“ и голот на Ибра, кој беше погодок против 80-от противник во топ 5 лигите во кои настапувал.

Победата и трите бода, „росонерите“ ги заверија во второто полувреме, а двоен стрелец беше Тео Ернандез. Французинот прво погоди во 48 минута за 0:2, а конечниот резултат го постави во 59 минута.

Треба да знаете
Последни објави