Search

(Видео) „Слобода за Ѓоковиќ“ ечеше на протест во Париз

Демонстрациите во Париз против задолжителната вакцинација, спонтано се пренасочија во поддршка за тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Голем број од оние што се собраа за да протестираат против задолжителната вакцинација, како и против вакцинацијата на децата со пароли и транспаренти: „Држете ги рацете од нашите деца“, по разглас од микрофонот „Слобода за Ѓоковиќ“, почнаа хорски да ги повторува изговорените зборови.

Новак, практично во тој момент стана нивниот невакциниран херој кој неправедно е затворено во Австралија, каде чека околу полноќ по европско време да почне неговото судење, пренесе „Спутник Србија“.

„Овој талентиран тенисер од Србија е уапсен како подлец“, се слушаа извици од толпата.

Случајот со најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, со денови е најголема спортска тема во светот, којa толку многу ја заинтригира јавноста што вечерва ќе може во живо да се следи неговото рочиште пред австралискиот федерален суд.

Судењето почнува во 10 часот наутро по локално време, а по наше вечерва точно на полноќ. Австралиските власти објавија и линк на кој ќе може да се следи преносот.

Ѓоковиќ останува во притвор во прифатниот центар за мигранти во Мелбурн бидејќи Австралијците не му дозволија судењето да го чека во приватно сместување со пристап до тениско игралиште, за да може да тренира во случај да му биде дозволен влез во земјата, дури ни со специјално обезбедување кое ќе го следи секој негов чекор.

Судот ќе одлучи дали тенисерот ќе добие виза за влез во Австралија, каде што треба да ја лови својата 10. титула на Австралија опен и 21. на Гренд слем турнирите. Првично, визата му беше одбиена со образложение дека не приложил соодветни докази во однос на медицинското изземање кои би го оправдале неговиот влез во земјата иако не е вакциниран.

Треба да знаете
Последни објави