Search

Загина 15-годишен мотоциклист, братучед на Маверик Вињалес

Мотоциклистот Дин Берта Вињалес  денеска загина на патеката во Херез во Шпанија. Имаше само 15 години, а денеска имаше трагично излетување од патеката за време на трката Суперспорт 300 во рамки на Супербајк шампионатот. Од трката изминаа само 11 кругови кога младиот Вињалес имаше судир со уште тројца други возачи. Стујардите веднаш ја прекинаа трката, а вестите за смртта на Вињалес дојде неколку часа подоцна.

Мотоциклистот заработил тешки повреди на главата и на вратот. Веднаш му била укажана прва помош на патеката, а потоа и во возилото за брза помош, но му немало спас на 15-годишникот, кој е братучед на далеку попознатиот Маверик Вињалес.

Треба да знаете
Последни објави