Search

Тинејџер на Борусија Дортмунд стана најмлад фудбалер во историјата на Лигата на шампиони

Бундеслигашот Борусија Дортмунд вечерва имаше повод за двојна радост по гостувањето кај Зенит во Лигата на шампиони (ЛШ), откако со триумфот од 2-1 влезе во нокаут фазата како првопласиран во Х-групата, а тинејџерот на „милионерите” Јусуфа Мукоко стана најмлад играч во историјата на елитното натпреварување.

Тинејџерот на Борусија Дортмунд дебитираше во ЛШ со 16 години и 18 денови, соборувајќи го рекордот, кој досега го држеше Селестин Бабајаро настапувајќи за Андерлехт со 16 години и 85 денови.

Мукоко, кој е роден во Камерун, но игра за младинските репрезентации на Германија, испиша историјата, откако влезе во игра од клупата за резерви на местото на Феликс Паслак во 58 минута на мечот во Санкт Петербург.

Треба да знаете
Последни објави