Search

Прва победа на РК Еурофарм Пелистер во ракометната Лига Европа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа првата победа во ракометната Лига Европа откако вечерва во Битола го совладаа Тримо Требње со 33:26 (20:14).

Македонскиот претставник одигра одличен натпревар со постојано водство кое кон крајот на средбата се движеше од 7 до 8 голови, а тоа пак овозможи битолчани да презентираат и атрактивни гол акции.

Најефикасен на средбата беше хрватскиот интернационалец Мандалиниќ кој за РК Еурофарм Пелистер постигна 11 голови или една третина од вкупниот број голови на домашниот тим, додека пак кај гостите се истакна Рашо со 7 постигнати голови.

Во рамки на групата „Д” вечерва се одигра уште една меѓународна средба. Во Унгарија домашниот тим Татабања беше совладан од Гог со 35:32.

Треба да знаете
Последни објави