Со „томос“ удрил во велосипедист и избегал

На 14.07.2020 во 22.30 часот било пријавено дека на земјен пат, кај место викано „Бавчи“ во Куманово, мопед „томос“, управуван од непознат возач, кој го напуштил местото на незгодата, удрил во велосипед „собим“, управуван од Џ.С.(36) од Куманово. Велосипедистот се здобил со повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата  од увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави