Ременски побара изземање на Русковска, одложен Рекет 2

Судскиот процес против Бојан Јовановски Боки 13 за случајот со малверзации за Меѓународниот сојуз, познат како Рекет 2 почна во Кривичниот суд Скопје.

Јовановски, како претстедател на Меѓународниот сојуз до судот испратил оставка на функцијата, па се согласи претставник на правното лице да биде адвокат по службено лице назначен од судот.

-Не верувам во дерогираниот систем во кој судите под табла Република Македонија, иако сме Северна Македонија, рече Јовановски.

Бранителот на Фросина Ременски  Владимир Доневски пред да почне расправата побара изземање на обвинителката Вилма Русковска поради сомневање за нејзина пристрасност во процесот.

Судот по ова одлучи да ја прекине расправата и рочиштето го одложи за 21 јули.

Претходно адвокатот Ременски достави до судот два кластери на докази, како и бранителите на Јовановски и Ерцеговиќ.

Во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари/ Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. При претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Судии во овој случај се Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска, истите судијки од случајот „Рекет“.

Треба да знаете
Последни објави