Градежните фирми лани потрошиле материјали и енергија од 9,6 милијари денари

Фирмите што се занимаваат со градежна дејност во 2019 година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.626.157.000 денари, што е за пет проценти повеќе во однос на претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата „материјали за врзување” со 3.628.819.000 денари (37,7  проценти), по што следат групите „потрошено гориво” со 1.225.327.000 денари (12,7  проценти), како и „изолациски материјали и премази” со 1.167.994.000 денари (12,1  процент).

Треба да знаете
Последни објави