Србија може да размислува за елиминација на забраните

Во Србија коронавирусот е ставен под контрола, порачува пулмологот Бранимир Несторовиќ и додава дека денеска на седницата на Кризниот штаб  ќе биде одлучено колку ќе трае полицискиот час за време на велигденскиот празници. Ституацијата клај северниот сосед според пулмологот е под контрола. Досега мерките во борбата со коронавирусот беа само засилувани, а дека одсега веќе можата да размислуваат и за ублажување на ограничувањата за граѓаните.

-Кога ќе се погледа картата на Европа ние останавме како остров изолиран од короната. Добро поминаа и Чешка и Словачка. Имаа добра организација, малку среќа и со се подобрите временски прилики кои му пркоста на вирусот. Ситуацијата е реално добра. Сега веќе можеме да планираме некој редослед како ќе се враќаме во нормалениот живот до пред оваа пандемија – вели Несторовиќ.

Пандемијата може да се каже дека е во опаѓање во оној момент кога во еден ден бројот на отпуштените и излечените ќе ја надмине бројката на новозаразените. Србија според пулмологот скоро ја достигнала таа ситуација и зато може да размилува за постепејно укинување на забраните.

 

Треба да знаете
Последни објави