Спасовски денес нема да сведочи во случајот 27 април

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска сепак нема да сведочи во случајот за организаторите од 27 април иако беше претходно предвидено. Според судијата Илија Трпков, Спасовски имал неуредна достава, а иста таква достава имал и сведокот Михаил Младеновски.

Воедно како причина поради која на денешното рочиште нема да има сведоци, се наведува и тоа што за денеска до 14 часот се предвидени воведните зборови на адвокатите и обвинетите, откако на минатото рочиште своите воведни ги кажа обвинителката Вилма Русковска.

Покрај Миле Јанакиески, во случајот за организаторите на „27 април“ обвинети се и ексминистерот за Труд и социјална политика, Спиро Ристовски, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Треба да знаете
Последни објави