Кошаркарките на „Бадел 1862“ го заземаа четвртото место на табелата на втората Јадранска лига

Изминатиот викенд, во рамките на третиот турнир од втората Јадранска лига за кошаркарки до 17 години, ЖКК „Бадел 1862″ од Кисела Вода гостуваше во Грац, Австрија.

При ова гостување „баделки” одигра два натпревари. Жолто-сините на првиот одигран натпревар убедливо го победија домаќинот „ГАК КАНГАРООС”, со резултат 84:35.

Додека на вториот натпревар, кој беше крајно неизвесен „Бадел” изгуби со два поени разлика од досега непоразената екипа „Ледита” од Домжале, Словенија, со резултат 57:59.

Со овие резултати, девојките на „Бадел 1862″ имаат биланс од три победи и три порази, што е доволно да го заземат четвртото место на табелата.

Следниот месец преостанува да се одигра последниот турнир во Струга.

Треба да знаете
Последни објави