Search

Исланд го изненади светскиот шампион, убедлива победа на Шпанија против Германија а Србија повторно поразена

Данска како актуелен Светски шампион важи за еден од главните фаворити на Европското првенство но во нивниот прв натпревар доживееа пораз, Исланд е селекцијата од која загубија.
Исланд направи големо изненадување откако со 31:30 ја победи Данска, во мечот кој се очекуваше да биде неизвесен Шпанија со 33:26 ја растури Германија, соседското дерби го доби Црна Гора победувајќи ја Србија со 22:21.
Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, двете селекции се менуваа во водство, најголемата предност ја имаше Исланд од три разлика. На крајот тие и се радуваа на трумф од 31:30.
Дербито на денот беше Шпанија – Германија, се очекуваше неизвесен меч, но не беше така, Шпанците доминираа и буквално си поиграа со својот противник.
Шпанија водеше во целиот тек од мечот, во второто полувреме двапати стигна и до двоцифрени десет разлика, на крајот победи со 33:26.
Алекс Душебаев со седум гола беше најефикасен на мечот, Македа постигна четири, Кањељас три. Во составот на Германија Пекелер даде пет гола, Генсхајмер четири.
Србија забележа уште еден пораз откако со 22:21 загуби од Црна Гора во еден неизвесен меч и голема борба.
Црногорците почнаа силно, имаа предност од 7:3, no Србите се вратија и го свртеа натпреварот, имаа водство и од три гола разлика 16:13, но потоа почнаа да тонат. Црна Гора имаше подобар финиш на мечот, го врати водството и на крајот победи со 22:21.
Треба да знаете
Последни објави