Search

Лазаров: Младите да не бегат од одговорност, или победувате или губите

Капитенот Кирил Лазаров ѝ донесе победа на Македонија во самиот финиш на мечот со Украина со удар од девет метри за 26-25, иако имавме предност и од пет гола во второтот полувреме.

„Во последно време ми оди некако да давам голови во последните секунди. На последните три или четири напади, младите играчи бегаа од одговорност, се гледаше од небо. Имав две или три шута кои не ги реализирав, нивниот голман имаше малку среќа, па се изнервирав, тргнав на сè или ништо… и испадна добро. Треба да научиме од овој натпревар, не треба да се плашиме, таков е спорот, или победувате или губите, а младите играчи на таков начин треба да напредуваат. Ова е победа за Македонија. Сакам да се заблагодарам за поддршката и се надевам традицијата на овие големи натпреварувања ќе продолжи бидејќи Македонија е обединета, Македонија е среќна и тоа е најважно. Малку да го отргнеме вниманието од сите политики кои се водат во последните години. Сега ќе се одмориме и ќе се обидеме да дадеме поквалитетен натпревар против Чешка, рече Лазаров.

Треба да знаете
Последни објави