Search

Сити го растури Јунајтед на „Олд Трафорд“ во Лига купот на Англија

Екипата на Манчестер Сити се наоѓа пред пласман во наредната фаза на Лига купот на Англија откако во градското дерби со Манчестер Јунајтед победи со 1:3 и тоа на „Олд Трафорд“.

Бернардо Силва во 17. минута со одличен удар од работ на казнениот простор ја затресе мрежата на Давид де Хеа за 1-0, а во 33. минута Ријад Марез погоди за 2-0 по одлична акција на „граѓаните“, а Сити до 3-0 стигна преку Переира, кој несреќно си постигна автогол.

Во второто полувреме Јунајтед не играше ништо подобро од првите 45 минути, но успеа само преку Маркус Рашфорд да го ублажи поразот на 1-3.

Реваншот меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед на „Итихад“ ќе се игра на 29 јануари. Доколку Манчестер Јунајтед се надмине и на гости победи со два гола, тогаш патникот во финалето ќе го дадат пеналите со оглед на тоа што головите на гости не се бројат во Лига Купот.

Треба да знаете
Последни објави