Search

Сити со пресврт до победa над Лестер

Дербито на колото во Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Лестер на Етихад му припадна на домаќинот по пресврт.

Лестер поведе со голот на Џејми Варди, во 22. минута по една контра ја префрли топката преку Едерсон за водство на гостите од 0-1. Само осум минути подоцна Марез израмни, а пред крајот на полувремето гостите направија пенал над Стерлинг, кој Гундоган го претвори во пресврт.

Точка на резултатската неизвесност стави Жезус во 69. минута, поставувајќи ги конечните 3:1 на дербито. Ова беше прв гол на Бразилецот на Етихад по десетте постигнати на гостинските терени сезонава.

Лестер сега има само бод повеќе од Сити на табелата и десет помалку од лидерот Ливерпул, кој има натпревар помалку.

Со овој триумф Сити испиша нова историја и стана само вториот тим со 250 победи во Премиерлигата во една декада.

Манчестер јунајтед е првиот со вакво постигнување, „ѓаволите“ имаа 255 победи во периодот од 2000 до 2009.

Треба да знаете
Последни објави