Рекордна цена на стан во Сингапур

Милијардерот Џејмс Дисон, индустриски дизајнер и пронаоѓач на правосмукалки и фенови за коса, купи луксузен апартман од 43 милиони фунти (54.2 милиони долари) кој се смета дека е најскапиот стан во Сингапур.

Според „Блумберг“, сумата од 54.2 милиони американски долари значи дека Дисон платил рекордна цена за стан во градот кој инаку е познат по претерано скапи недвижнини. Милијардерот изумител го купи најскапиот стан во Сингапур неколку месеци откако истакнатиот поддржувач на „Брексит“ го објави планот за пренесување на својата компанија од Велика Британија во островската град-држава.

Веста прв ја објави весникот Сингапур Бизнис Тајмс пред неколку месеци. Весникот тогаш објави дека Дисон и неговата сопруга Деидре платиле 43 милиони фунти и дека сумата била пет милиони долари помала од бараната цена што првично ја поставил инвеститорот ГокоЛенд.

Од врвот на највисокиот облакодер во Сингапур се пружа поглед на деловниот центар на градот како и на трговските центри, а станот се протега на три спрата.

Има пет спални соби, сопствен таканаречен „инфинити“ базен, простор за правење скара, бар и приватен влез, како и лифт од паркингот до станот.

Купувањето стан во Сингапур всушност не е изненадување за британскиот инвеститор кој годинава седиштето на својата компанија го пресели од Велика Британија во оваа азиска град-држава.

Имајќи предвид дека Дисон е познат како заговарач за Брегзит, ваквиот чекор наиде на многу критики, но милијардерот негираше поврзаност на својата одлука со заминувањето од Британија, од Европската Унија (ЕУ) или со данокот.

Според неговите зборови, „азискиот регион е исклучително битен за компанијата бидејќи станува збор за нивен најбрзо-растечки пазар“ па зарди тоа го променил седиштето на компанијата.

Британскиот изумител, основач и главен извршен директор на Dyson Ltd е најпознат како пронаоѓач на правосмукалката Dual Cyclone без вреќичка, која работи на принцип на циклонска сепарација.

Треба да знаете
Последни објави