Search

Надал ја обезбеди шестата Дејвис-куп титула за Шпанија

Првиот светски тениски рекет Рафаел Надал го победи Денис Шаповалов во два сета и ја потврди Дејвис-куп титулата за шпанската репрезентација. „Фуријата“ до својата шеста салатара стигна со победата во финалето од 2-0 против Канада во Мадрид. Во двата сингл дуели домаќините беа поуспешни од Канаѓаните. Иако двата дуели Шпанците ги добија во два сета, репрезентативците на Канада пружија добар отпор.За Шпанија, ова е шеста Дејвис-куп титула, прва по 2011 година.

Финалето во Мадрид го отворија Баутиста-Агут и Ожер-Алиасим, а шпанскиот тенисер се врати на турнирот во Мадрид само три дена откако почина неговиот татко. Сепак, емотивниот Баутиста-Агут не дозволи пораз на домашен терен и славеше со 2:0 во сетови (7:6/6:3), со што донесе предност за својата репрезентација. Шпанците до вториот решавачки триумф стигнаа откако Надал го победи Шаповалов исто така со 2:0, по сетови 6:3/7:6.

 

Треба да знаете
Последни објави