Search

Славниот контрабасист Рено Гарсија Фонс во Филхармонија

Овој четврток (24.10) во Филхармонија ќе настапи влијателниот француски контрабасист Рено Гарсија Фонс, кој по работата во врвни француски симфониски оркестри во 1990-тите се одлучува за солистичка кариера.

Рено Гарсија Фонс разви свој музички јазик и стил со кој на автентичен начин го еманципира инструментот на кој свири. Контрабасот во рацете на Фонс звучи како шпанска гитара, африканска бас лаута, како виола или персиска виолина. Станува збор за врвен инструменталист со каталонско потекло, и од таму всушност потекнува неговиот интерес кон шпанската и ориеанталната култура.

Концертот ќе го води Џијан Емин, а на програмата се дела од Рено Гарсија Фонс, како и ремек делото на Морис Равел „Дафнис и Клое“.

Во „Дафнис и Клое“, Равел употребува светол колорит и прецизно избрана инструментација преку која ја ослободува француската музика од заштитната школка на вагнеризмот. Ова дело на спиритуалниот аристократ, како што го нарекуваат критичарите е уште една потврда на генијалноста на Равел и неговото софистицирано чувство за креација.

Треба да знаете
Последни објави