Search

Костадиновска-Стојчевска: Џезот е дел од македонската музичка традиција, џезерите се наша гордост

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на џезот, со почит и благодарност кон основоположниците на овој жанр, на сегашната генерација џезери и на сите љубители на џез-музиката.

„Џезот е составен дел од нашата музичка традиција, а нашите музичари се гордост по која сме препознаени и кои со својот креативен израз ја афирмираат нашата земја на регионалната и светската сцена”, истакнува Костадиновска-Стојчевска.

Таа додава дека наша заедничка цел е да ги зачуваме талентираните џез-музичари дома, да им овозможиме траен и одржлив ангажман, да им создадеме услови за нивна промоција и за негување на џез-културата низ целата држава.

„Затоа, чест ми е што со наша искрена поддршка, џез-музичарите, со своето активно дејствување и уметничка страст, се изборија за основање на Национален џез-оркестар”, вели министерката за култура, потенцирајќи дека бројната публика на нивните концерти, но и на традиционалната прослава по повод Светскиот ден на џезот, потврдува дека македонската култура е интегрален дел од интернационалното џез-семејство, кое ја слави моќта на слободниот израз, различностите, отвореноста и мултикултурализмот.

Треба да знаете
Последни објави