Search

Ловрен сака да игра и за помала плата

Хрватскиот фудбалски интернационалец Дејан Ловрен од редовите на Ливерпул кој на стартот од сезоната не се најде во тимот на „црвените“ од Енфилд, брзо ја прочита пораката од тренерот Јирген Клоп. Поскаува да си замине од Ливерпул, бидејќи сака да игра, по цена и да добива помала плата во новата средина. Хрватот не е во плановите на стратегот Клоп, а англиските и италијанските медиуми пишуваат дека ќе дојде до трансфер на искусниот бранител.
На мечот со Норич, Клоп му укажа доверба Жоел Матип кој добро функционира во тандем во Ван Дајк.

Тоа беше причина италијанските медиуми да се наврата на преселбата на Ловрен во Рома или Милан. Ливерпул кој највуваше дека цената  на Хрватот е 20 милиони евра, покажува подготвенст да го ослободи од обврските предвреме и за 15 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави