Search

Манчестер Јунајтед нема да купува, но ќе продава: Еден од дефанзивците се сели во Евертон

Од редовите на Евертон очигледно се намерачиле на дефанзивците на Манчестер Јунајтед.

Во текот на вчерашниот ден излезе информација дека Манчестер Јунајтед одбил понуда од Евертон за Крис Смолинг. „Карамелите“ го побарале англискиот репрезентативец на позајмица, но Оле ја одбил можноста да го пушти да си замине затоа што го гледал како клучен дел од послдната линија заедно со Виктор Линделоф и Хари Мегваер.

Сега, наместо Смолинг на „Гудисон“ би можел да се пресели Маркос Рохо и тоа на перманентна основа. Евертон за него понудил околу 20 милиони фунти, а Аргентинецот пристигна со неговиот агент во Керингтон каде треба да се финализира договорот.

Многу е веројатно дека фудбалерот кој пристигна од Спортинг Лисабон пред пет години ќе си замине од редовите на Манчестер Јунајтед.

Треба да знаете
Последни објави