Search

Шкртел се враќа на голема врата: Потпишува за клуб од „големата петка“ кој ќе игра во Лигата на шампионите

Искусниот словачки стопер, Мартин Шкртел наскоро би можел повторно да заигра во една од најдобрите пет европски лиги.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул е пред договор со тимот на Аталанта кој годинава ќе игра во Лигата на шампионите.

34 годишниот фудбалер е слободен агент откако му истече договорот со Фенербхаче каде ги помина последните три сезони.

Клубот од Серија А кој годинава за прв пат во историјата ќе игра во Лигата на шампионите сака да ја засили одбраната по заминувањето на стандардниот Џанлука Манчини во Рома.

Треба да знаете
Последни објави