Search

Италијанските медиуми тврдат: Јувентус и Сити постигнаа договор!

Познат италијански новинар  и уште неколку италијански медиуми синоќа пренесоа дека Јувентус и Манчестер Сити договориле размена на играчи.

Жоао Кансело е практично нов фудбалер на Манчестер Сити, а Португалецот вчера после само 15 минути го напуштил тренинг центарот на Јувентус.

Се очекува „Бјанконерите“ за неговите услуги од Сити да добијат 30 милиони евра, а во Торино ќе пристигне и дефанзивецот Данило кој не се наигра во екипата на Гвардиола.

25-годишниот Жоао Кансело минатото лето се пресели во Јувентус од редовите на Валенсија, откако претходно Интер одлучи да не го откупи неговиот договор од шпанскиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави