Search

Со нож го нападнале Месут Озил, го спасил неговиот соиграч Колашинац

Со нож го нападнале Месут Озил, го спасил неговиот соиграч Колашинац

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил бил нападнат од две лица во својот џип во Лондон. Се претпоставува дека лицата биле крадци и дека сакале да му го одземат автомобилот.

Озил се возел со својот автомобил кога се појавиле две лица на мопеди и пробале да го застанат возилото. Сеад Колашинац излегол и веднаш тргнал со „голи раце“ кон напаѓачите кои набрзо се разбегале, додека Озил веднаш се сокрил во турскиот ресторан кој бил во близина.

Полицијата веднаш пристигнала и разговарала со двајцата играчи и со други сведоци.

Треба да знаете
Последни објави