Search

Марота му испрати директна порака на Конте за двајцата напаѓачи кои ќе пристигнат во Интер

Бепе Марота како генерален менаџер на Интер е задолжен за активностите на трансфер пазарот, па во ситуација кога одлучи да дава одговори пред италијанските новинари, не можеше да ја избегне темата која најмногу ги засега фановите на клубот од „Џузепе Меаца“.

„Нераѕурите“ веќе подолго време се во преговори со неколку напаѓачи, но посебно звучно е името на Ромелу Лукаку, центарфорот на Манчестер Јунајтед кој најави дека сака да си замине од „Олд Трафорд“. Интер засега не успева да испрати понуда која ќе ги задоволи одговорните луѓе на англискиот клуб, а со оглед на тоа што Конте полека го губи трпението поради тоа што сака навреме да ги има напаѓачите на летните подготовки, денеска доби порака од Марота.

– Еден напаѓач кој ќе пристигне ќе биде експерт во својата работа, додека другиот ќе биде млад со огромен потенцијал. Нема да навлегувам во имиња, не е културно да се прави тоа. Нашата цел е да создадеме силен тим, ги бараме најдобрите играчи на трансфер пазарот. Најголем дел од работата е завршена, но преостанува уште малку. Како и да е, трансфер периодот е долг, мораме да имаме малку трпение, – порача Марота, порака која секако е директно наменета за Конте.

Треба да знаете
Последни објави