Општина Кисела Вода организира вечерна настава за возрасни лица

Општина Кисела Вода во соработка со основното училиште за возрасни „Антон Семјонович Макаренко” – Скопје четврта година по ред во ООУ „Рајко Жинзифов” организира вечерна настава за возрасни лица.

Пријавувањата кои се во тек до 31 мај ќе се вршат во просториите на ООУ „Рајко Жинзифов”, во населба Драчево секој работен ден од 14:00 часот. Заинтересираните информации за потребната документација можат да добијат во училиштето или на телефонскиот број: 02/2 622 478.

За лица постари од 14 години што немаат завршено основно образование школувањето трае 4 години. Додека, дооформувањето на основно образование трае од 1 до 2 години.

Треба да знаете
Последни објави