Search

Друштвото на писатели се прошири со нови членови

По јавниот повик за проширување на членството на Друштвото на писатели на Македонија, со мнозинство гласови се здобија Андоновски Петар, Бандиловска Елизабета, Гиревска Марија,  Исмајловска Мерсиха, Јуруковска Александра, Ковиловски Славчо, Маказлиева Ели, Мартиновска Виолета, Прља Бранко,  Спасовска В. Сузана,  Стојановска Ана.  Стојчевска Снежана и Црвенковска С. Билјана.

Новите членови ќе бидат свечено претставени преку кус разговор и сегмент од творештвото на Книжевната вечер што ќе се одржи во просториите на ДПМ во понеделник, на 15 април, со почеток во 19 часот.

Од ДПМ велат дека на јавниот повик во текот на месец март се пријавиле 47 кандидати. Претседателството ги разгледало сите доставени материјали, ги проанализирало според утврдените критериуми и спровело гласање.

Книгите што во процесот на аплицирање беа доставени во канцеларијата на ДПМ може да се подигнат секој работен ден во периодот помеѓу 9 и 12 часот.

Треба да знаете
Последни објави