Search

Принцот Вилијам повеќе не е најпопуларен, го престигна Кејт Мидлтон

Последното истражување на јавното мислење во Велика Британија, објавено денеска, покажа дека принцезата од Велс Кејт Мидлтон го надминала принцот Вилијам по популарност.

Во истражувањето на агенцијата Саванте спроведено за Индепендент, Кејт (42), која моментално се лекува од неодреден облик на рак, ја поддржуваат 62 отсто од испитаниците, додека принцот од Велс (41) го преферираат 61 проценти од британските испитаници.

Принцот Ендру (64), по дружењето со осудениот педофил Џефри Епштајн, е избран за најнеомилен член на кралското семејство – го поддржуваат само 14 отсто од испитаниците.

Принцот Хари и Меган Маркл исто така се соочуваат со недостиг на популарност. Хари (39) го поддржуваат само 29 отсто од испитаниците, додека неговата сопруга Меган (42) е уште помалку популарна со само 25 отсто поддршка од испитаниците.

Треба да знаете
Последни објави