Црна Гора бара 20 илјади сезонски работници

Според проценките на Заводот за вработување, околу 20 илјади сезонци ќе бидат потребни во Црна Гора, само во крајбрежјето, поради што владините претставници и работодавачите ги повикаа домашните работници да аплицираат за работа.

Работодавачите, како и секоја година, се жалат дека имаат проблеми со неадекватниот и несоодветен персонал во туризмот, а синдикатите тврдат дека невработените не се заинтересирани пред се поради лошите услови за работа и многу пониски плати отколку во регионот, пишува Вијести.

Треба да знаете
Последни објави