Силен земјотрес го погоди југоисточниот дел на Тајван

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди југоисточниот дел на Тајван, областа Таитунг, но нема извештаи за материјална штета и потенцијални жртви.

Земјотресот се случи на длабочина од 10 километри, а зградите во главниот град на Тајван, Тајпеј, се тресеа, објави агенцијата „Ројтерс“.

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи, поради што често се случуваат земјотреси.

Во 1999 година, во земјотрес со јачина од 7,6 степени, животот го изгубија повеќе од 2 000 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави