Search

Премиера на долгометражниот филм „Незаборавна пролет во заборавено село”

Долгометражниот игран филм „Незаборавна пролет во заборавено село”, по сценарио и режија на Куштрим Бектеши, вечер во 19:30 часот ќе биде премиерно прикажан во киното „Синеплекс”- Скопје.

Од 11 април филмот ќе биде на редовниот репертоар на кино „Милениум” и ќе продолжи да се прикажува две недели, секој ден од 17:30 часот и 22:00 часот.

Својата меѓународна премиера филмот ќе ја има на официјалната програма на Московскиот Меѓународен филмски фестивал, кој се одржува од 18 до 25 април.

Филмот е снимен во селото Ѓономаљ во Општина Корча (Албанија).

Улогите во филмот ги толкуваат повеќе актери од Северна Македонија, Албанија, Косово и Бугарија.

Филмот е во продукција на Мануфактура Продукција (Македонија) и Сашо Павловски, во копродукција со Медиа&Филм Продукција (Косово) и Мумин Јашари, Ска-ндал Продукција (Албанија) и Генц Пермети, и Скупифестивал (Македонија) со Музбајдин Ќамили и Осман Ахмети. Филмот финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Македонија и Центар за Кинематографија на Косово, Национален центар за кинематографија на Албанија, Радиотелевизија на Косово, Македонска Радиотелевизија 2 и Радиотелевизија на Албанија.

Директор на фотографија е Алмир Џиколи, композитор Тримор Доми, монтажер Радован Петрович, сценограф Дурим Незири, костимографка Жаклина Крстевска, дизајнер на звук Дарко Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави