Search

Вечерва е првиот културен настан во организација на Трн.мк – „Боцни си кирилица“ во Бруталиск

Во пресрет на 24 мај, Денот на сесловенската писменост, порталот Трн.мк вечерва организира културен настан, со почеток од 20 часот во Бруталиск.

Дојдете и „боцнете” од кириличното мени:

– Јовица Михајловски со кириличен поздрав
– Џијан Емин со музичка подлога и диџејски сет
– Ивана Павлаковиќ и Несрин Таир со изведба на народно творештво собрано од Цепенков
– ТеатроСк со статуa од собирачот на народно творештво
– Давор Кешкец ќе црта кирилица во живо
– Васо со свој диџејски перформанс

Треба да знаете
Последни објави