Search

Дугари му понуди решение на ПСЖ за Нејмар и Мбапе: На негово место може да се доведат четири играчи!

ПСЖ во ниту еден момент не планира да остане без своите две главни ѕвезди во тимот Нејмар и Килијан Мбапе, без разлика на тоа што тимот оваа сезона доживеа уште едно непријатно разочарување во Лигата на шампионите со елиминацијата во првата нокаут рунда.

Иако „светците“ влегоа како фаворити во пресметките со Манчестер Јунајтед, на крајот доживеаја болна елиминација во осминафиналето, па поради новиот неуспех на амбициозниот проект, не е никакво чудо што голем дел од светските медиуми почнаа да ги преселуваат главните ѕвезди на ПСЖ во други големи великани.

Реалноста вели дека газдите од Катар многу тешко ќе се одрекнат од било која од двете ѕвезди, но сега во прв план се најде еден коментар на Криштоф Дугари кој има предлог до упрвата за продажба на Нејмар.

– Јас би го продал Нејмар. Не би се откажал лесно од него, но ако може да заработите 250 милиони евра за него и да се ослободите од неговата плата, тогаш со тие пари може да купите четири играчи кои се многу добри. Сепак, не може да се продаде колку да се продаде, претходно треба да се има план за играчи кои ќе го надополнат неговото заминување,- појаснува Дугари во анализата.

Треба да знаете
Последни објави