Search

Ливерпул го „нокаутираше“ очајниот Баерн Минхен

Изминатиот месец ни донесе многу различни впечатоци за Ливерпул и Баерн Минхен, па во реваншот од осминафиналето во ЛШ двата тима влегоа со подеднакви шанси. Сепак, на крајот англискиот тим стигна до рутинска победа од 1:3 против „баварците“ од Минхен.

 

Баш во моментите кога сите помислија дека Ливерпул полека ја губи формата, а Баерн Минхен значително се подобрува, нивниот дуел во Лигата на шампионите ги разјасни работите.

Првите 20 минути поминаа со внимателна игра на двата тима, но набрзо потоа Ливерпул уфрли „во втора брзина“ и веднаш стигна до гол преку Садио Мане, кој со маестрален потег го измами Мануел Нојер и ја погоди празната мрежа за да го отвори резултатот. Пред крајот на првото полувреме Баерн Минхен израмни преку автоголот на Џоел Матип, кој несреќно ја погоди својата мрежа откако Серж Гнабри уфрли една опасна топка во шеснаесетникот.

Во второто полувреме постоеше само еден тим на теренот. Ливерпул најпрво дојде во водство од 1:2 преку Вирџил ван Дајк, за потоа да ја потврди победата преку вториот гол на Садио Мане.

Натпреварот помеѓу Барселона и Лион го откри последниот учесник во четвртфиналето од ЛШ, откако каталонскиот тим го совлада францускиот гостин со 4:1. Лионел Меси постигна два гола и забележа 2 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави