Search

Тензично на тренингот на Реал Мадрид!

Како што пренесува шпански медиум на последниот тренинг пред натпреварот со Реал Ваљадолид се случил тензичен момент во кој главни протагонисти биле капитените на клубот, Серхио Рамос и Марсело.

Играчите пред крајот на тренингот играле мал фудбал, а според сведоците Марсело ја прославил победата на неговата група на начин на кој не му се допаднал на Рамос кој бил во спротивниот табор.

Бразилецот жестоко одговорил на нападите на Рамос бранејќи се дека постојано така ги слави ваквите победи на мини натпреварите. Соиграчите спречиле поголема ескалација на проблемот, а нивното кошкање траело само неколку минути.

Веднаш потоа, со ладни глави и двајцата дошле до заклучок дека не требало да изреагираат на тој начин па тензијата набрзо била смирена.

Треба да знаете
Последни објави