Search

Смртни закани за навивачот кој го нападна фудбалерот Џек Грилиш

Фанот што вчера истрча на теренот на натпреварот Астон Вила – Бирмингем и го удри фудбалерот Џек Грилиш, почнал да добива смртни закани на неговата домашна адреса. На денешното судење, тој го прифати обвинението и го призна нападот над англискиот фудбалер.

 

Пол Мичел (27) е напаѓачот на Џек Грилиш од вчерашниот натпревар помеѓу Астон Вила и Бирмингем.

Мичел е оженет и живее со неговата сопруга и детето во Рубери, мало гратче во близина на Бирмингем. Неговата околина го оцени како „наивен и глупав“ поради срамната ситуација која ја предизвика вчера во натпреварот на неговиот тим против градскиот ривал Астон Вила.

Тој истрча на теренот баш кога Џек Грилиш влезе во шанса за Астон Вила, и го удри играчот на Астон Вила со бокс во лицето, буткајќи го на земја. Обезбедувањето на стадионот веднаш дотрча и го отстрани Мичел од стадионот, но неговата борба уште не беше ни започната.

Откако се случи инцидентот, Пол Мичел добива смртни закани на домашната адреса и многумина му препорачуваат да внимава што прави, бидејќи во спротивно може да завршиво оган, заедно со неговата куќа и семејството, тврди англиски таблоид .

Сепак, на крајот од натпреварот Џек Грилиш беше оној кој се радуваше, бидејќи го постигна победничкиот гол и му донесе победа на составот на Астон Вила, кој и понатаму силно се бори за влез помеѓу местата на табелата кои носат плејоф за пласман во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави