Search

Раниери: Знам кој е проблемот на Рома

После елиминацијата од Лигата на шампионите, тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо доби отказ, а на негово место пристигна искусниот Клаудио Раниери.

Раниери кој неодамна доби отказ од Фулам, ќе има за задача да им ја спаси сезоната на Римјаните, односно да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а првиот тест ќе го има вечерва против Емполи.

Според Раниери, од тоа што го гледал од Рома оваа сезона, сфатил дека екипата од „Олимпико“ мора повеќе да внимава во играта во одбраната.

„Рома постигна 49 погодоци, но во одбраната ние мораме да бидеме подготвени брзо да се враќаме назад. Го гледав тимот колку што можев, затоа што често со Фулам игравме натпревари во исти термини. Најголемиот број на примени погодоци доаѓаат од транзиција и загубени топки“, изјави Клаудио Раниери.

Треба да знаете
Последни објави