Search

Сити поставува нов трансфер рекорд?

Како што пренесуваат англиските медиуми, наскоро Сити би можеле да го реализираат најскапиот трансфер кога станува збор за играч од одбраната.

Наводно, Пеп Гвардиола и Сити биле заинтересирани за дефанзивецот на Лестер, Бен Чилвел кој би требало да го замени Менди кој често отсуствува поради повредите.

Англиските медиуми шпекулираат дека во текот на летниот преоден рок, Манчестер Сити ќе испрати понуда на адреса на Лестер висока 75 милиони фунти, со што Чилвел ќе стане најскапиот дефанзивец на светот.

Треба да знаете
Последни објави