Search

По Ди Франческо, и Мончи ја напушта Рома

Спортскиот директор на Рома, Мончи, е на пат да го следи тренерот Еусебио Ди Франческо и исто да си замине од клубот.

 

Вчера шефовите на „волците“ одлучија да го отпуштат тренерот по елиминацијата на тимот во осминаафиналето во Лигата на Шампионите од Порто (1:3).

Сега Мончи сериозно размислува дали да си замине од „Олимпико“, а интерес кон него има од страна на Арсенал.

Мончи се чувствува игнориран од бордот на директори и од сопственикот Џејмс Палота кои зедоа одлука за разрешување на Ди Франческо без негова согласност.

Освен тоа Шпанецот влезе во конфликт со навивачите на Рома на аеродромот во Рим при враќање на тимот од Португалија вчера, пишуваат италијанските медиуми.

Веќе постојат први знаци дека Мончи е со една нога надвор од Рома. Шефот одби да зборува пред медиумите пред и по натпреварот со Порто во Лигата на шампионите, а ја остави оваа задача на Франческо Тоти, а во принцип ретко прави нешто слично.

Треба да знаете
Последни објави