Search

Модриќ: Најтешката недела во мојот фудбалски живот

Елиминацијата од Ајакс во осмина-финалето од фудбалската Лига на шампионите беше врвот на неуспесите на момците на Солари оваа сезона. За дваесетина дена, Реал Мадрид на крајот е исфрлен од Купот, а остануваат и без шанси за насловот во Ла Лига.

Да биде горчината поголема, сите соништа на „кралевите“ од Мадрид ги угасна Барселона со три победи во низа. Реал за седум дена загуби од Барса со 1-0 во првенството, а три дена подоцна е поразен од Ајакс со 4-1 на „Бернабеу“.

За минатогодишниот најдобар светски фудбалер, Лука Модриќ, тоа е знак за предупредување.

„Ова беше најтешката недела во мојот фудбалски живот. Но, успехот не е во тоа никогаш да не паднеш, туку секогаш да стануваш кога ќе паднеш“, порача Хрватот на „Инстаграм“.

Се чини дека Модриќ е еден од ретките фудбалери во Реал кој во последниот период е на висината на задачата.

Треба да знаете
Последни објави