Search

Лопетеги го тужи Реал за 28 милиони евра

Хулен Лопетеги, човекот што го наследи Зинедин Зидан во Реал Мадрид, а поради лошите резултат доби отказ по четири месеци, решил да поднесе тужба против „кралскиот клуб“.

Лопетеги, кого го прогласија за лузер на годината, бидејќи 48 часа пред поечтокот на Светското првенство доби отказ на селекторската функција во Шпанија, а потоа истото му се случи во Реал, барал клубот да го обесштети.

Лопетеги, во јуни минатата година, потпишал три годиешн договор со Реал. Тренер на „кралскиот клуб“, 52-годишникот беше само четири месеци, односно го водел тимит на 14 натпревари.

Лопетеги барал Реал да му го исплати целиот договор. Станува збор за сума од 28 милиони евра.

Тренерот во неколку интервјуа тврдел дека нема ништо против својот поранешен клуб, но бил лут бидејќи претседателот Флорентино Перез не му се јавил кога му бил врачен отказот.

Треба да знаете
Последни објави