Search

Барселона го понижи Модриќ

И по два дена од последното „Ел Класико“ кое му припадна на Барселона не се смируваат коментарите на социјалните мрежи.

Еден од играчите кои беа предмет на потсмев по овој натпревар беше Лука Модриќ кој го влечеше Лео Меси за дресот во обид да го запре аргентинскиот ас. Тоа беше овековечено од еден од фотографите на средбата, па фотографијата брзо се прошири низ социјалните медиуми.

Од Барселона не ја пропуштија приликата да го понижат хрватскиот интернационалец, па на својот „Твитер“ профил ја објавија фотографијата и под неа напишаа:

– Многу полесно е да се добие дресот на Меси така што ќе ја посетите нашата онлајн продавница…

Шанса да ги „смират“ среќните Каталонци, Реал Мадрид ќе има овој викенд во повторната меѓусебна средба, овој пат во рамките од шпанскиот шампионат.

Треба да знаете
Последни објави