Search

Солари: Требаше да се пласираме во финалето…

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа претрпеа срамен пораз пред своите навивачи од најголемиот ривал Барселона.

Откако првиот натпревар на „Камп Ноу“ заврши 1:1, на синоќешниот реванш гостите од Каталонија ги декласираа избраниците на Сантијаго Солари со 3:0, а тренерот на Реал не го криеше разочарувањето.

„Требаше да постигнеме гол и да се пласираме во финалето. Создадовме многу шанси, но не постигнавме гол. Во фудбалот постојат голови и шанси. Ние имавме шанси, но ниту една не претворивме во гол. Сега, тажни заминуваме дома“, изјави Солари и додаде:

„Мораме да продолжиме со ваквите настапи и победите ќе дојдат. Имавме се, освен голови“, изјави Солари.

Треба да знаете
Последни објави