Search

Познато која порака им ја испрати Рамос на соиграчите по третиот гол на Барса

Барселона доби преголема награда за тоа што го прикажа изминатава вечер на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи конечниот резултат 0:3 ниту одблиску не го отсликува она што реално се случуваше на теренот во текот на сите 90 минути.

При резултат 0:0, Реал пропушти неколку изгледни шанси да поведе, а за тоа беше сурово „поздравен“ во второто полувреме во кое Барселона реагираше како казнена експедиција. Луис Суарез се претвори во играч на натпреварот поради тоа што учествуваше во сите три гола (постигна два и го принуди Варан да се даде автогол), а посебно покажа класа при поставувањето на конечниот резултат кога со „паненка“ пенал го надмудри Кејлор Навас.

Со ова беше ставено точка на мечот, но на медиумите во Шпанија овој погодок им привлече посебно внимание и поради пораката на Серхио Рамос кој имаше реакција кон своите соиграчи откако гостите поведоа со 3:0.

– Ајде, ајде, инаку ќе ни дадат шест. Играме до крај…, – гласеше капитенската порака на Рамос со која се обиде да ги отрезни соиграчите во обидот да спречи голем срам.

Треба да знаете
Последни објави