Search

Модриќ се обиде да го запре Меси и стана хит на интернет

Барселона се избори за пласман во финалето на шпанскиот Куп на кралот откако во реванш натпреварот од полуфиналето на „Сантијаго Бернабеу“ го победи Реал Мадрид со 3:0.

Интересно беше што ѕвездата на клубот Лионел Меси не се запиша во листата на стрелците во оваа важна победа за Барса.

Аргентинецот сепак одигра многу добро, па играчите на Реал се мачеа да го заппрат еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Еден таков момент беше овековечен во фотографија на која хрватскиот играч за врска Лука Модриќ очајнички го трга Меси за дресот во обид да го запре, во сцена што наликува на слика на Рембрант.

Фотографијата веднаш стана хит на интернет и ја заскокотка фантазијата и смислата за хумор на фудбалските фанови.

Треба да знаете
Последни објави