Search

„До јуни одлука за СП со 48 репрезентации“

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рекол дека планот за проширување на Светското првенство во 2022 година во Катар, нема да биде усвоен на состанокот што организацијата наредниот месец ќе го одржи во Мајами.

Инфантино не отстапува од својата идеја на Светското првенство во Катар наместо 32 да учествуваат 48 репрезентации.

Првиот човек на ФИФА е оптимист и верува дека планот, на кој се противат членките на Европската фудбалска унија (УЕФА), ќе биде усвоен во јуни.

„Ќе биде многу тешко да се организира првенство во 48 екипи само во Катар. Во исто време, геополитичката ситуација во тој регион е комплексна. Ќе мора до јуни да донесеме одлука, бидејќи во септември ќе започнат квалификациите“, рекол Инфантино.

Треба да знаете
Последни објави