Search

Дел Боске избра страна меѓу Меси и Роналдо и даде објаснување за својот став

Висенте Дел Боске е исклучително почитувана личност во светската фудаблска јавност, не само поради времето во кое работеше како тренер на Реал Мадрид, туку и поради фактот што направи историја како селектор на шпанската фудбалска репрезентација.

Искусниот стручњак стави крај на својата тренерска кариера откако му заврши мандатот со „фуријата“, па сега доста често знае да биде во фокусот на јавноста со изјавите кои ги дава за медиумите во својата родна земја. Дел Боске изјави, а во истото одлучи да направи една споредба меѓу двајцата најдобри играчи во светот, а притоа направи и избор за свој фаворит.

– Меси речиси секогаш игра добро и е на врвно ниво. Има играчи кои едноставно никогаш не грешат, а тој е неверојатно константен. Тој е гигантски играч. Во него гледам многу поприроден фудбалски играч, како да е некој што игра со своите другари од соседството на улица. Кристијано е неверојатно храбар, има фасцинантни физички и технички квалитети и е роден голгетер, но јас го избирам Меси, – порачува Дел Боске.

Треба да знаете
Последни објави